Македонија
1. August 2018 - 14:27

Пеколно утро за вработените на бензинска, им влетале со пиштоли - драма кај скопско Визбегово

Ограбена бензинска пумпа во скопско Визбегово, крадците одзеле над 30.000 денари. Според информациите на МВР, утринава  во 02.45 часот на бензинска пумпа во с.Визбегово, скопско, две непознати лица извршиле разбојништво. Сторителите со закана со пиштол од вработениот одзеле околу 30.000 до 40.000 денари од дневниот промет, по што побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.