Пекинг се закани со одговор на американското соборување на кинескиот балон
По вчерашното соборување на кинескиот шпионски балон над Атлантикот, официјален Пекинг денеска жестоко реагираше.
Кинеските власти соопштија дека го задржуваат правото да „преземат понатамошни дејствија“, критикувајќи ги САД за „јасно претерано реагирање и сериозно кршење на меѓународната практика“.
Официјален Пекинг во соопштение објавено денеска наведе дека Кина цврсто ги поддржува легитимните права и интереси на компанијата што го поседува балонот и во исто време го задржува правото да „преземе дополнителни мерки како одговор“ на американското соборување на балонот, пренесе АП.
Присуството на балон на небото над САД оваа недела им зададе нов удар на веќе затегнатите односи меѓу САД и Кина, кои се влошуваат со години и го натера американскиот државен секретар Ентони Блинкен нагло да го откаже претходно договореното патување во Пекинг.
Американскиот претседател Џозеф Бајден го пофали Пентагон за успешната акција за соборување на кинескиот балон над Атлантикот во близина на брегот на Јужна Каролина.
Според американските власти, војската користела борбени авиони Ф-22 од базата на воздухопловните сили во Вирџинија, а според американската телевизија била истрелана ракета АИМ-9Х. Секретарот за одбрана Лојд Остин рече дека кинеските власти го користат соборениот балон „за да ги надгледуваат стратешките локации во континенталниот дел на САД“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Мојот став за уставни измени е јасен, а Ковачевски нека каже кој е ставот на Груевски
-
Стотици луѓе евакуирани поради шумски пожар во Кастељон во источна Шпанија
-
Мицкоски: Планот за 2023 на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се 748 капитални проекти во вредност од 70 милиони евра
-
Најмалку шест загинати во руски напади во Украина
-
12-годишниот Ајдин од Босна со изведбата на песната ,,Јано Мори" ги стопли срцата на сите Македонци
-
Ковачевски: Не би било целисходно да се разговара за понатамошно намалување на даноците и придонесите
-
Тешко повреден 36 годишем маж отако со возилото излетал од автопат
-
Во двор во прилепско пронајдени 50 рачни бомби