„Пекабеско“ донираше млеко и храна за настраданите од поплавите
На пунктот на Црвениот крст во Момин Поток, Пекабеско донираше млеко и конзервирана храна наменета за настраданите во поплавите.
Како што соопштуваат, компанијата обезбеди 1.440 литри млеко, како и 960 килограми конзервирана храна и со тоа се вклучи во хуманата акција на Црвениот Крст на Република Македонија за помош на лицата погодени од поплавите.
Компанијата упати апел до своите вработени и деловни партнери да се вклучат и да ја поддржат оваа хумана акција преку донирање храна, облека или финансиски средства преку отворените телефонски линии и жиро сметки.
- Обврска на секој човек или правно лице е во прв план да ја стави хуманоста и солидарноста, особено во вакви тешки моменти со кои се соочуваат нашите сограѓани. Никому повеќе да не се случи. Никогаш повеќе да не се повтори, велат од Пекабеско.
Ново на Сител
-
Вооружен Украинец влегол во продавница и пукал, има ранети
-
Пронајдено досега непознато дело на Моцарт
-
Халанд го постигнува својот 100. гол за Манчестер сити
-
Шкупи со убедлив триумф против шампионот Струга ТЛ
-
Бајден: Ќе направиме се што можеме за да се избегне проширување на конфликтот на Блискиот Исток
-
Земјотрес со епицентар во подрачјето на Скопје
-
Оваа недела се очекуваат ефектите од владината одлука за ограничување на профитната маржа
-
Седници на две собраниски комисии