Македонија
24. јуни 2020 - 18:04

Пејачот Спасен Силјаноски позитивен на Ковид-19

Естрадниот уметник Спасен Силјаноски – Паце од Кичево по направениот тест денес резултатот покажа дека во новите 136 позитивни случаи на Ковид-19 е и неговиот. Таа вест ја потврди лично на своите социјални мрежи каде додаде дека е без симптоми и во добра здравствена состојба.

Со овој гест Спасен ги повикува сите да внимаваат на своето здравје, да внимаваат со кој лица се во контакт, да ги почитуваат пропишаните мерки бидејќи болеста не бира, може да биде кај секого во асимптоматична форма или не, но најважно од се и најчовечки е таа вест да се сподели!