Пејачката брутално претепана: Три пати со возило поминал преку неа
Зоран прво крвинички ја претепа Јелена, а потоа ја уби, вели Ненад Шкориќ.
Брутално ја претепа мојата ќерка Јелена додека не се онесвестила, а потоа неколку пати поминал преку неа со возилото, раскажува Ненад Шкориќ од Вајска, очув на Јелена Туршум (35) која е убиена од страна на нејзиното поранешно момче и колега Зоран Громовиќ (46) од Травник.
Јелена настрада во саботата наутро во селото Горно Путиќево кај Травник во БиХ. Таа настапувала заедно со Громовиќ, поранешен учесник во шоуто „Пинкови ѕвезди“.
Злосторство по кавга
Ненад Шкориќ, очув на настраданата жена за српски Курир вели дека зад Јелена останале нејзиниот 15-годишен син кој живее со нејзината мајка и него во Вајска кај Бач, додека осумгодишното дете и девојче од седум години живееле со мајката во Какањ.
-Громовиќ и Јелена во петокот имале тезга во Травник. Работеле заедно и кога требало да ја однесе дома, веројатно се скарале. Ја возел по некои споредни улички. Нејзиното тело е пронајдено на локалниот пат во село Горно Путиќево, вели Шкориќ.
Тој додава дека го повикал бившиот маж и тој му објаснил што се случило.
-Ми рече дека Громовиќ ја одвлекол Јелена до некои викендички. Таму ја тепал додека не се онесвестила. Потоа монструмот три пати поминал со возилото преку неа. Ја газел додека не ја убил, а потоа повикал полиција која го пронашла телото на неговата посвоена ќерка - рекол очувот.
Не му се допаѓал Зоран
Според неговите зборови, Зоран, поранешен учесник во „Пинкови ѕвезди“ го запознал пред година дена и Јелена не се жалела од него.
- Јелена ми е приќерка, но јас ја одгледав. Се жалеше на поранешниот маж со кој уште е венчана. Пред година и пол го остави и со децата дојде да живее во Какањ. На Громовиќ никогаш не се жалеше, но изгледа дека монструмот нешто прикривал. Не ми се допадна кога првпат го виддов, не ми влеваше доварба воопшто. Бев загрижен, но Јелена тогаш се фалеше, раскажува Шкориќ.
Зоран Громовиќ рече на сослушувањето во полиција дека се скарал со Јелена и дека таа потоа излегла од неговото возило.
-Тргна пешки. Не ја удрив намерно. Не ја видов - рекол Зоран.
Беше грижлива и добра мајка
Мајката на Јелена, Ана вели дека со ќерката се слушнала пред самото убиство.
-Ми рече дека оди на работа. Требаше заедно да настапуваат, долго работат заедно. Беше весела и расположена. Зборував и со внуката. Беше грижлива и добра мајка, за распустот планираше со децата да доје кај мене, раскажува Ана и додава дека Јелена ќе биде погребана денеска во Вајска, а грижата за децата ќе ја преземе таа и нејзиниот сопруг.
Ново на Сител
-
Полиција се уште трага по учесниците во вооружениот инцидент во Брисел
-
Научниците предупредуваат: Северниот Пол се загрева со рекордна брзина
-
Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог
-
Кривична пријава против поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески за примање поткуп, фалсификување исправа и проневера и несовесно работење во службата
-
Се води предистражна постапка за злоупотреба и договарање меѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи
-
Општина Неготино го поддржува протестот што ќе се одржи в сабота во чест на Фросина Кулакова
-
Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани
-
За 14 години Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари и 11.000 медицински кадар