Пее одлично, изгледа прекрасно: Македонската пејачка воодушеви на „Ѕвездите на Гранд“
„Најдобра пејачка од Македонија, за оваа сезона, ако гледаме како целосен пакет“ , „Не да знае да пее, таа „убива“ од пеење“ , „Ако продолжиш вака, те гледам во финале“ … Ова беа само дел од коментарите на жирито во вчерашното издание од шоуто за музички таленти „Ѕвездите на Гранд“, упатени кон нашата поп пејачка Елена Миленковска, која сезонава реши, преку ова натпреварување да ги освои гледачите од целиот Балкан.
Елена е за прв пат на ова шоу, но судејќи според коментарите и билетот за пласман во втор круг, годинава ќе ја гледаме уште долго на оваа голема сцена.
Сите членови на жирито, составен од професионалци во музиката, беа единствени во заклучокот дека таа е досега најдоброто нешто од Македонија, а самиот Саша Поповиќ го потврди тоа, коментирајќи дека во неа гледа целосен пакет.
Елена пееше песна од Марија Шерифовиќ и Тамара Тодевска, за да Марија на тоа искоментира дека токму поради тоа таа е храбра девојка и кандидатка, бидејќи нејзините песни се навистина тешки за пеење.
Пејачката не беше поштедена ни од новинарите ширум балканот, кои пишуваат дека комплетниот пакет доаѓа од Македонија и ако продолжи вака, сигурно ќе ја видиме во финале.
Елена пред настапот во ова шоу, направи и фотосесија со фотографот Бојан Стоилковски, шминка и фризура Зоран Шурбевски и студио „Драма“ за комплетниот стајлинг, што само уште еднаш го потврди тоа дека нашата пејачка, која зад себе има веќе неколку поп хитови, кои се вртат по радио станиците и ги освојуваа првите места на топ листите, сериозно си ја сфати оваа работа и судејќи според коментарите на сите, ќе даде од себе да ја видиме во самото финале.
Настапот на Елена е веднаш на самиот почеток од емисијата. Уживајте!
Ново на Сител
-
Кина вети дека ќе преземе решителни контрамерки и ќе се бори докрај со царините на Трамп
-
Вчера 841 сообраќаен прекршок на територија на цела држава, 214 за брзо возење
-
Мицкоски: Наш предизвик и цел како Влада во периодот кој следи, е да го подигнеме социјалниот и економски статус на Ромите
-
Трамп повторно изјави дека би било добро САД да ја контролираат Газа
-
Величковски од Народната банка: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА
-
Сиљановска-Давкова: Ромите се богат човечки потенцијал што мора да се впрегне во општествениот погон
-
Исчезнато повозрасно лице од Штип, институциите трагаат по него
-
Влада: Зголемени платите во здравството за 5 проценти, капитацискиот бод за матичните лекари и гинеколозите за 33 отсто, за стоматолозите за 23 проценти