„Ние сме во постојан контакт со семејството на жртвата. Тука сме да и го пренесеме нашето длабоко жалење и емпатија, како и помош во било која форма каква што бара случај од ваква природа. Бидејќи моментално се е под истрага, како и поради тоа што ова е чувствителен случај, не сме во можност да даваме изјави и дополнителни информации за злосторството“, соопштија од управата на ресторанот.
Педофил ѕверски силувал 6-годишно девојче во ресторан: Ја одвлекол во машкиот тоалет, мајката ја пронајде во ужасна состојба
Шестгодишно девојче е силувано во еден ресторан откако сама отишла во тоалет, а таму ја пресретнал педофил.
Како што се наведува во извештајот, педофилот девојчето го следел со поглед, се додека тоа не се оддалечило од видното поле на своите родители, при одењето во тоалет од ресторан во Преторија, во Јужноафриканската Република, по што ја одвлекол во дел наменет за мажи.
Потоа, тој ја соблекол својата облека и на девојчето и го силувал. Нападот е откриен кога мајката на девојчето почнала да ја бара својата ќерка.
„Беше потполно гол, како и детето. Девојчето крвареше од препоните. Кога го видоа тоа, луѓето кои се затекнаа во ресторанот почнаа да го напаѓаат манијакот“, изјави еден од сведоците на гнасното силување, додавајчу дека во еден момент, сопственикот на ресторанот морал да го заклучи влезот во тоалетот за да го спаси мажот од линч пред да дојде полицијата.
Како што изјавија од полиција, осомничениот е уапсен и ќе биде суден за силување.
Ново на Сител
-
24 години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак
-
Топлотен бран ја зафаќа земјава – препораки за заштита од високите температури
-
Зеленски сака поголемо европско влијание во преговорите за Украина
-
Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за заземање на градот Газа
-
Трамп ќе биде домаќин на лидерите на Азербејџан и Ерменија на официјална церемонија за потпишување мировен договор
-
Сончево и топло до 37 степени
-
На ГП Богородица се чека околу 30 минути
-
Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме