Педофил (39) нападнал 3 годишно момче во Дебар Маало, му ги соблекол гаќичките и го допирал
Пијан педофил завчера нападнал три и пол годишно детенце додека си играло со други деца на детско игралиште во Дебар маало.
Инцидентот се случил во вечерните часови. Случајот е пријавен во полиција, а педофилот е приведен. Случајот за А1он го потврдија и од МВР.
„На 13.09.2023 во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.
Педофилот видно алкохолизиран го дофатил детето и успеал да му ги соблече и панталоните и гаќичките, но за среќа негово другарче истрчало и ја повикало мајката која повикала полиција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување