Балкан
20. September 2016 - 9:01

Педесет мигранти се спасени покрај островот Закинтос

Педесет мигранти се спасени покрај грчкиот остров Закинтос, откако испратиле сигнал за помош од чамец, соопштија грчките власти, пишува весникот „Катимерини“.

Грчкото Министерство за поморска трговија истакна дека мигрантите била качени на товарен брод, кој пловел под турско знаме покрај островот Закинтос по спасувачката операција во која учествувале четири бродови. 

Мигрантите, чија здравствена состојба е добра, веројатно сакале да стигнат до Италија. Засега не е познато нивното државјанство.