Педесет и пет полицајци на Фронтекс распоредени на руско-финската граница
На финско-руската граница се распоредени педесет и пет полицајци на Агенцијата за европска крајбрежна и гранична стража Фронтекс.
-Во моментов распоредуваме 55 персонал во Финска, од кои повеќето се членови на граничната полиција, изјави портпаролот на Фронтекс, Пјотр Свиталски.
Tој дополнителен контингент се очекува да биде на границатa до крајот на јануари. Портпаролот додаде дека се подготвени да го променат тоа во зависност од развојот на ситуацијата и дека Фронтекс може да биде присутен на границата пократко или подолго во зависност од потребите.
-Знаеме дека мигрантскиот притисок е една од алатките што ги користи Кремљ и затоа можеме да очекуваме дека ќе продолжи, рече тој.
Според финските власти, од почетокот на август на границата на двете земји пристигнале речиси илјада баратели на азил од Сомалија, Ирак и Јемен.
Ново на Сител
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан