Педесет годишна жена нападната од бездомно куче во Тетово, почна засолнување на кучињата скитници
Педесет годишна жена од Тетово пријавила дека се соочила со напад и каснување. Таа вчера на пладне пријавила во СВР Тетово дека на улица „Илинденска“ во Тетово била касната од куче скитник.
Овој напад доаѓа, неколку дена откако започна поинтензивно третирање и справување со бездомните кучиња во Тетово. Организацијата Амос Пет која беше одбрана на тендер објави дека од саботата започнато е со засолнување на кучиња од градот Тетово, по два месеци процес на мапирање и таргетирање на најголемите глутници во градот.
-За жал, многумина мораа да бидат фатени со седативи (администрирани од лиценциран ветеринар), причината е што овие кучиња се дел од дива и голема група бездомници и територијални кучиња кои станаа опасност за себе и за сите околу нив. Амос започна долг и напорен процес на рехабилитација на овие кучиња каде што ќе биде вклучен и странски бихејвиорист (лице кое работи во менување на однесувањето кај кучињата) во нивното оценување и работа со нив, информираа од организацијата.
По третирањето на овие животни како подготвени, здрави и оценети како соодветни за вдомување организацијата обезбедува дом.
Ново на Сител
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот