Пецас: Нема наводи за сериозно повредени лица во земјотресот во Атина
Два стари и ненаселени објекта во две атински населби се урнале во денешниот земјотрес, а регистрирана е штета на фасадите на домови во неколку населби во Атина и не постојат наводи за сериозно повредени лица, изјави портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, јави дописничката на МИА од Атина.
Противпожарната служба на Грција добила повици од граѓани кои биле заглавени во лифтови.
Портпаролот на грчката Влада истакна дека државниот механизам е во состојба на готовност, доколку биде потребно.
– Премиерот континуирано се информира. Министерството за национална одбрана е на располагање во случај да биде потребна помош. Препорачувам смиреност и ги повикувам граѓаните да се информираат и да ги преземаат неопходните мерки за нивна заштита, вели Пецас.
Тој објасни дека земјотресот се случи во 14,13 часот, со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал на 23 километри северозападно од Атина на планината Парнита.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?