Македонија
14. March 2021 - 10:17

Пазарната инспекција синоќа ги затвори „Интермецо“ и „Три кичен“

Во акција на Пазарниот инспекторат синоќа се затворeни три познати скопски кафулиња поради непочитување на протоколи за заштита од ширење на коронавирусот и биле преполни со гости,а свирела и прегласна музика.

Станува збор за „Три кичен“ и „Интермецо“.

Вечерва инспектори од ДПИ затворија е еден угостителски објект во трговскиот центар Мавровка во Скопје. Овие кафулиња поради вчерашната посета од инспекторите ќе бидат затворени од 10 до 30 дена и ќе заработат казна од 5.200 евра.