Бизнис
6. January 2019 - 17:02

Пазарџиите неинформирани за новиот закон за пазари - ќе ги запознале по празниците

Пазарџиите не биле официјално информирани за новиот Закон за пазари и за процедурите за вадење лиценци. Институциите им ветиле  дека по празниците екипи ќе одат на пазарите и ќе им го објаснат Законот. Се жалат дека со него нема да се решат долгогодишните проблеми на пазарите, туку тие ќе се зголемат.

Од Министерството за економија велат - текстилот и другите непрехранбени производи и понатаму ќе можат да се продаваат на зелените пазари. Оттаму потенцираат дека при крај е правникот со кој се доуредуваат одредени законски одредби.

Сепак, дел од пазарџиите стравуваат дека не ќе можат да ги продаваат производите кои веќе ги набавиле.

Голем проблем за нив претставува и тоа што пензионерите и вработените не ќе можат да држат тезги.

Од Министерството за економија велат дека овие категории на граѓани не можат да продаваат на тезги бидејќи тоа се коси со моменталниот Закон за работни односи, односно не можат да склучат договори за работа на дело.