„Патување со Големата мајка“ - изложба на ликовни творби од деца
Во Музеј на Град Скопје денеска во рамки на „Скопско лето“ ќе биде отворена изложбата „Патување со Големата мајка“ - ликовни творби на петгодишни деца од градинката „Детска радост“.
Нивните дела се резултат на запознавањето со археолошката поставка во Музејот на Град Скопје која им овозможила да патуваат низ времето и да дознаат како артфекатот од теракота од пред новата ера стигнал во музејската витрина.
Во приказната за Големата мајка-божица децата биле воведени со едукативни работилници во соработка со Институтот за етнологија при ПМФ и со посета на археолошкиот локалитет Тумба Маџари и ателјето на Симон Шемов.
Децата ги изработиле своите креации од различни материјали и ликовни техники - темпера, тесто, глина, фолија, колаж, гипсени плочки, порцелански чаши, текстил, кукли... а за овој проект направиле и сликовница.
Ново на Сител
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро
-
Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената
-
8-годишно дете и баба прегазени во Кочани
-
Приведен малолетник од Тетово, фатен со дрога