-->
-->
Пат околу светот со велосипед за 78 дена
-->
Шкотскиот велосипедист Марк Бомонт го собори досегашниот Гинисов рекорд во однос на пат околу светот, откако мина 29.000 километри за помалку од 80 дена.
Шкотланѓанец возел 18 часа на ден низ Франција, Полска, Русија, Монголија, Кина, Австралија и САД. Неговиот велосипедски маратон заврши пред Триумфалната капија во Париз.
- Ме мачеше недостатокот од сон. По долгите недели и часови, во главата продолжив да се борам. Не смеев да застанам, изјави Бомонт.
Патот со велосипед околу светот траеше 78 дена, 14 часа и 40 минути. Претходниот рекорд му припаѓаше на Новозеланѓанецот Ендрју Николсон кој во 2015 година го стори тоа за 123 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник