Македонија
23. August 2024 - 16:40

Партнерите од владината коалиција со меѓусебни обвинувања за говор на омраза

Алијанса на Таравари поднесе кривична пријава до Обвинителствотои против претседателот на Македонски концепт Петар Богојевски поради ширење говор на омраза на социјални мрежи. Во статуси на фејсбук нарекувајќи ги Албанците шиптари Богојевски предизвикувал омраза, поделби или нетрпеливост по национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

Му порачаа на Богојевски дека ваквото според нив билдање на рејтинзи оди во прилог на планот на Ахмети за дестабилизација.

И Богојевски возврати со пријава во обвинителството. Доставил докази за противправно користење на албанскиот јазик и знаме во Македонија, за навреди и омаловажување на Македонија и македонскиот народ, за незаконско прикривање на воени злосторства против човештвото и линч против него.

Иако и двете страни се дел од владината коалиција според Вреди ваквите статуси не влијаат на работата, но велат секој треба да знае каде му е местото.Изминатиов период од ВРЕДИ влегоа и во кавга со партнерите од ЗНАМ и обвинувања кој како работи, но тврдат дека владината коалиција е стабилна.