Партијата на Мета ја обвини Владата за грабеж на населението преку цената на горивата
Партијата на поранешниот албански претседател Илир Мета, Партија на слободата, обвини дека во Албанија, каде поголем процент од популацијата живее со или помалку од 5,5 долари на ден, еден литар нафта чини 1,91 евро.
– Во Албанија, најсиромашната земја во Европа, каде минималната плата е 291 евро, а 67 отсто од населението живее со приходи помали или до 5,5 долари дневно, денеска еден литар дизел се продава за 1,91 евро. Во Луксембург, земјата со минимална плата од 2.202 евра, највисока во цела Европска Унија, денеска еден литар дизел се продава за 1,77 евра, изјави генералниот секретар Теди Блуши. Тој додаде дека Албанците со десетпати помал приход од Луксембург денеска купуваат нафта поскапо затоа што „имаат Влада која секојдневно немилосрдно ги краде“.
– Сега и со одлуките на Одборот на крадци (Одбор за утврдување на цените на горивата) има само една цел: Да ги испразни џебовите на граѓаните за да ги наполни џебовите на Еди Рама и касата на Владата, да го финансира грабежот преку печки за горење отпад и концесии, обвини тој.
Блуши ги повика парламентарните партии што побрзо да ја поддржат законската регулатива, предложена од оваа партија за укинување акцизата и другите додатоци. – Тоа е единственото решение за намалување на цената на горивата! Владината глувост, алчност, незаконитост и корупција ги втурнува Албанците во длабока сиромаштија, наведе Блуши.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка