Партијата на Меркел против нов мандат за претседателот на Европарламентот
Претставници на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел бараат претседателот на Европскиот парламент, социјалдемократот Мартин Шулц да замине од позицијата по истекот на сегашниот мандат и функцијата да ја препушти на кандидат од партиите на десниот центар, јави дописникот на МИА од Берлин.
- Постои договор според кој тој треба да замине на крајот на мандатот. Со оглед на тоа што господинот Шулц е чесен човек, претпоставуваме дека ќе се држи до договорот, изјави денеска потпретседателот на ЦДУ, Џулија Клекнер за весникот „Ди Велт“.
Повикот за повлекување на Шулц од позицијата претседател на Европарламентот се должи на незадоволството на дел од германската јавност од однесувањето на лидерите на Европската Унија во Брисел во врска со референдумот во Велика Британија.
ЦДУ му забележува на Шулц дека следејќи ги ставовите на неговата матична Социјалдемократска партија на Германија (СПД) и покрај негативните реакции на европската јавност, постојано инсистира на повисок степен на интеграција на ЕУ.
Предходно медиумите пренесоа изјави на неименувани министри во германската Влада, кои поради слични причини побараа смена и на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Шулц е на чело на Европскиот парламент од 2012 година. Тој беше реизбран на функцијата во 2014, откако европските конзервативци го добија местото претседател на Европската Комисија, кое го зазеде Јункер. Вториот две и полгодишен мандат на Шулц истекува на крајот на годината.
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари