Македонија
8. November 2019 - 10:53

Партија за Движење на Турците во Македонија: Времето на поделбите заврши

Под мотото “Сите заедно, насекаде“ Партијата за Движење на Турците (ТХП) во полна пареа ги продолжува средбите со граѓаните. Раководството на ТХП вчера беше во Валандово каде што оствари панел дискусија со жителите од овој крај.

Покрај другите на средбата говореа Претседателот на Партијата за Движење на Турците (ТХП), пратеникот Енес Ибрахим, како и потпретседателот на ТХП, министерот Елвин Хасан, кои ги презентираа постигнатите резултати од изминатиот период, како на локално така и на централно ниво. Ибрахим потенцира дека конечно времето на поделби, раздор и дискриминација е позади нас и заедно продолжуваме кон целта, кон современо општество и успешна земја.

Жителите на валандовскиот крај покажаа огромен интерес на оваа средба, а главниот акцент се стави на темите поврзани од областа на земјоделството и сточарството, како и социјалните политики.

ТХП со средбите од овој тип интензивно продолжува низ целата територија на земјава.