Македонија
19. November 2022 - 16:29

Партиите меѓу себе се обвинуваат кој е поголем паразит

Над 6.000 евра плата месечно зема поранешниот директор на Македонски патишта кого владата го именуваше во бордот на директори на Телеком, објави ВМРО-ДПМНЕ во новото продолжение на аферата Паразити.

Во СДСМ и денеска обвинија дека Мицкоски бил паразит бидејќи работел на директорска позиција во државната ЕЛЕМ. Ја обвинија и потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ дека земала апанажа.

Аферата „Паразити“ веќе откри повеќе директори на кои граѓаните им плаќаат плати кои месечно надминуваат и по 6.000 евра. До сега, Владата од ниту еден од нив не побара да си поднесе оставка. Падна само директорката на Детската клиника, која пред оставката ги вратила и сите пари кои ги земала за дежурства. Директорите во Македонска навигација сметаат дека платите од 6.000 евра месечно не се високи. 

Премиерот најави закон за плати, но освен најавата, до овој момент не се преземени конкретни чекори.