Партиите ќе потпишат Кодекс за превенција на насилство за изборите
Политичките партии, иако најавено, денеска не потпишаа Кодекс за превенција од насилство, во рамки на проектот за „Превенција за време на избори 2016“.
- Не замолија да им го доставиме Кодексот за да можат да го потпишат и да ни го вратат. Нивното образложение беше дека денеска е последен ден за пријавување на кандидатски листи за пратеници и немаат време да го потпишат, изјави Нелко Нелковски, раководител на проектот.
Претставник на Министерството за внатрешни работи на денешната прес-конференција истакна дека засега се уште не се знае бројот на полицајци кои ќе работат на обезбедување на декемвриските избори бидејќи се уште се прави проценка. Министерството, според него, како и досега ги презема сите потребни мерки за безбедно одржување на изборите.
Според членот на ДИК од ДУИ Субхи Јакупи, сите политички партии треба да работат на превенирање на насилството на изборите. Според неговото долгогодишно искуство како член на оваа Комисија и експерт од оваа област, смета дека најголемите злоупотреби и насилства се случуваат на самиот ден на изборите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај