Парламентарна делегација предводена од Џафери во студиска посета на германскиот Бундестаг
Претседателот на Собранието Талат Џафери, координатори на пратеничките групи, генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, собраниски службеници, како и претставници од НДИ од денеска до четврток (19 мај) ќе бидат во студиска посета на германскиот Бундестаг во Берлин.
Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието, посетата е организирана и финансирана во рамки на Програмата за парламентарна поддршка на Собранието финансирана од Швајцарската агенција за развој и имплементирана од НДИ, а со цел продолжување на процесот за осамостојување на собраниското обезбедување.
Во политичкиот дел на Студиската посета, делегацијата ќе оствари средба со претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас, Парламентарната група за соработка со државите од Југоисточна Европа, Комисијата за Европската Унија, специјалниот пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.
Во практичниот дел од посетата, како што стои во соопштението, ќе се реализираат средби со генералниот секретар на Бундестагот, со високи службеници од Бундестагот надлежни за парламентарни услуги, полиција и безбедносни задачи, ревизија, како и претставници на Парламентарниот ТВ канал.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи