Парламентарна делегација предводена од Џафери во студиска посета на германскиот Бундестаг
Претседателот на Собранието Талат Џафери, координатори на пратеничките групи, генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, собраниски службеници, како и претставници од НДИ од денеска до четврток (19 мај) ќе бидат во студиска посета на германскиот Бундестаг во Берлин.
Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието, посетата е организирана и финансирана во рамки на Програмата за парламентарна поддршка на Собранието финансирана од Швајцарската агенција за развој и имплементирана од НДИ, а со цел продолжување на процесот за осамостојување на собраниското обезбедување.
Во политичкиот дел на Студиската посета, делегацијата ќе оствари средба со претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас, Парламентарната група за соработка со државите од Југоисточна Европа, Комисијата за Европската Унија, специјалниот пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.
Во практичниот дел од посетата, како што стои во соопштението, ќе се реализираат средби со генералниот секретар на Бундестагот, со високи службеници од Бундестагот надлежни за парламентарни услуги, полиција и безбедносни задачи, ревизија, како и претставници на Парламентарниот ТВ канал.
Ново на Сител
-
Милошоски ги претстави шесте забелешки кои ВМРО-ДПМНЕ ги посочи како клучни кон францускиот предлог
-
Арсовска: Изградена нова фекална канализација во Тафталиџе
-
Владата ја проследи предлог-преговарачката рамка до Собранието на Република Северна Македонија
-
Основниот кривичен суд определи мерки притвор за осум лица кои учествувале во настаните пред Собранието
-
Јуни потопол и повлажен во споредба со многугодишните просечни вредности
-
Мехмедовиќ за МИА: Состојбата со Ковид-19 се следи на дневно ниво, засега не се планираат нови мерки
-
Синдикалната минимална кошничка во јуни зголемена за 3.400 денари во однос на јануари
-
Груби – Хулман: Патот кон ЕУ се отвора со францускиот предлог