Парламентарци од В4 ги критикуваа квотите на ЕУ
Претставниците на Парламентите на земјите на Вишеградската група (В4), денеска по состанокот во близина на Прага, ги критикуваа обврзувачките квоти за прераспределување на бегалците.
-Јас сепак мислам дека тоа е некаков испад, кој нема да се повтори и дека од тоа Европската комисија особено ќе се поучи и дека нема идните одлуки да ги прима по ова со целосен консензус, изјави претседателот на чешкиот Сенат, Милан Штех, коментирајќи ја одлуката за прераспределба на бегалците.
Претседателот на Парламентот, Јан Хамачек смета дека е грешка таквото чувствително прашање да се пушти на мнозинска одлучување.
-Доколку Европа обрнеше повеќе внимание кон позициите и мислењата на некои држави- членки, немаше да мора да дојде до мнозинското гласање, рече Хамачек.
Квотите ги критикуваше и шефот на унгарскиот Парламент, Ласло Ковер, кој смета дека обврзувачките квоти се обид за провлекување на опасен преседан, кој е дел од планот за федерализација на Европа.
Ковер, додаде дека е неприфатливо и многу опасно, кога одделни земји прават индивидуални одлуки и викаат милиони бегалци во Европа и потоа сакаат ситуацијата да ја решаваат земјите на ЕУ солидарно.
Против квотите се и претставниците на Полска, според кои на крајот бегалците ќе отидат во Германија или друга земја на западна Европа.
Инаку Чешка од почеток беше против обврзувачките квоти за примање на бегалци од земјите-членки на ЕУ исто како и Словачка, Романија или Унгарија.
Ново на Сител
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија
-
Детска болница Козле доби вода
-
Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен
-
Продолжен рокот за пријавување на волонтери за гаснење пожари
-
Мицкоски предлага заедничка резолуција на Бугарија