-->
-->
Паркиран автомобил удрил во излог на бутик во Кавадарци!?
-->
Паркиран автомобил ноќеска сам се придвижил и удрил во излог во строгиот центар на Кавадарци. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
- Во 1 часот 15 минути на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа во која патнички автомобил марка „пежо 407“ со кавадаречки регистерски ознаки кој бил паркиран од 36-годишен жител на Кавадарци, сам се придвижил и удрил во излог на бутик, лоциран на истата улица, рече таа.
Како што објасни Стојковска, до несреќата дошло „поради оставање на возилото без непосреден надзор, односно не преземање потребни мерки со кои ќе се спречи возилото само да тргне”.
Екипа од полициската станица од општа надлежност Кавадарци изврши увид на лице место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија
-
Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада
-
АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден
-
Посебен режим на сообраќај денес околу бул. „Илинден“
-
Вучиќ: Обоената револуција е завршена, наведе пет барања
-
Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“
-
Денеска е Цветници
-
Без вода делови од Чаир, вклучително и гинеколошката болница