Париз: Договорена е нова политика за мигрантите
Лидерите на Франција, Германија, Италија и Шпанија се договорија синоќа за нова политика за одобрување на азил на мигрантите од ранлива категорија кои се пријавиле за заштита во Африка, наместо во нивните одредени земји.
Во заедничкото соопштение, што беше објавено по состанокот во Париз, лидерите на четирите земји ја признале потребата за „мигрантите од ранлива категорија“ за покренување на барањата за азил во Чад и Нигер.
Се наведува, дека тие планираат да започнат „мисија за заштита“ во африканските земји, во соработка со агенциите за бегалци и миграција на ОН.
Процесот ќе им овозможи на мигрантите легално да мигрираат во Европа, доколку се на листата што е одобрена од страна на агенциите на ОН, и доколку се регистрирани кај преставниците на Негер и Чад.
Лидерите на Франција и Германија, Емануел Макрон и Ангела Меркел, побараа на вчерашниот собир појасни мерки за илегалната мигранција од Африка во Европа.
Меркел истакна дека Европа има „хуманитарна одговорност“ да се бори против илегалната миграција и против криумчарењето на луѓето.
Таа нагласи дека европските земји мораат јасно да дефинираат на кого му е потребна хуманитарна помош, а кој бега од сиромаштија.
Германската канцеларка изјави дека Европа мора итно да размисли за својот систем за азил, што подразбира мигрантите да бараат статус на бегалци во првата земја каде ќе пристигнат во Европската унија.
Тој услов ги оптовари Италија и Грција, каде секојдневно пристигнуваат чамци со бегалци.
Седумтте лидери разговарале и за соработката во областа на безбедноста.
Домаќинот на состанокот, францускиот претседател Емануел Макрон, го оквалификува собирот како најефективен и далекосежен во последните неколку месеци, иако не прецизираше колку ќе чинат новите мерки.
Макрон истакна дека е потребна „поефикасна акција“ против илегалната миграција и зајакнувањето на напорите на Европа да им помогне на африканските земји да ја подобрат својата економија и да го прекинат криумчарењето на мигранти.
Премиерот на либиската Влата Фајез Серај, кој исто така присуствуваше на состанокот, побара поголема поддршка за борбата против трговијата со луѓе и мониторинг на јужната граница на Либија.
Претседателот на Чад Идрис Деби Итно и претседателот на Нигер Махамад Исуф, истакнаа дека сиромаштијата ги наведува луѓето да мигрираат во Европа или да се занимаваат со криумчарење на луѓе.
Исуф наведе дека е важно за криумчарите да се пронајде алтернатива, како работење со трговија или земјоделство, со цел да престанат со криминалната работа.
На состанокот присуствуаа и премиерите на Италија и Шпанија, Паоло Џентилони и Мариано Рахој, како и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Ново на Сител
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?
-
Момчето херој Јован Костадинов во посета на Бигорски манастир
-
Казнет уште еден нелегален продавач на храна со поминат рок
-
Поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост
-
Русија и САД почнаа заеднички проекти за руските ретки минерали