Папата поддржува истополови бракови: Тие се божји деца, имаат право на семејство
Поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск е првиот папа кој ги поддржа истополовите граѓански партнерски заедници.
Папата Франциск во документарниот филм „Франческо“, што вчера беше премиерно прикажан на фестивал во Рим, истакна дека истополовите двојки треба да имаат можност официјално да регистрираат граѓанска партнерска заедница.
– Тие се деца на Бог. Не можете некого да го исфрлите од семејството ниту поради тоа да го направите нивниот живот беден. Тоа што мораме да го имаме е закон за граѓанска заедница, на тој начин тие се законски покриени, посочи папата Франциск.
Во филмот е прикажано како папата охрабрува двајца геј мажи да доаѓаат на миса заедно со нивните три деца.
Папата додека беше надбискуб во Буенос Аирес го поддржа предлогот истополовите двојки да имаат законска заштита.
Филмот „Франческо“ на режисерот Јевгниј Афиневски е посветен на изминатите 7,5 години откако Франциск стана папа и неговата работа за заштита на животната средина, сиромаштијата, миграцијата, расната и социјална нееднаквост.
Во долгометражниот документарен филм прикажан е и односот на папата кон обвиненијата за сексуално злоставување во Римокатоличката црква.
Според актуелната католичка доктрина, хомосексуалноста е девијантно однесување.
Ново на Сител
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“