Папата отслужи миса на отворено во кубанскиот град Олгин
Папата Франциско, кој е во посета на Куба, вчера одбележа годишнина од денот кога како младо момче решил да стане свештеник, упатувајќи кон Кубанците деликатна порака: да ги надминат идеолошките убедувања и да посакаат промена.
Папата го посети четвртиот по големина град во Куба, Олгин, каде отлужи миса на отворено.
Група деца и возрасни кои пееја во хор, развиорија знамиња на Куба и на Ватикан, пречекувајќи го папата со извици: „Франциско, Олгин е со тебе!“.
На Плоштадот на револуцијата во градот беа собрани илјадници лица.
- Знам по цена на колкави напори и на какви саможртвувања работи црквата на Куба, со цел да ја однесе до сите и до најоодалечените населби пораката и присуството на Христос, изјави папата.
На мисата во Олгин присуствуваше и кубанскиот претседател Раул Кастро, кој се ангажираше да биде на сите миси, отслужени од папата.
По посетата на Куба папата ќе замине за Вашингтон.
Ново на Сител
-
Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен | ВИДЕО
-
СДСМ: Пак нема лекови на Онкологија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пред Велигден ќе има терапија
-
Предлог законот за судска служба поставен на ЕНЕР
-
Цела недела се трага по исчезнато лице
-
Уапсен Миле Кекин, поранешен фронтмен на групата „Хладно пиво“
-
ОН: Царините на Трамп се погубни за земјите во развој
-
Вчера казнети 707 возачи, 218 за брзо возење