Свет
16. December 2017 - 22:08

Папата Франциско: Сензационализмот во медиумите е сериозен грев

Папата Франциско денеска упати критики кон новинарите кои објавуваат за стари скандали и пишуваат сенззционалистички вести, додавајќи оти тоа е „многу сериозен грев“, кој ги погодува сите вмешани.

Папата истакна дека новинарите имаат една од „најфундаменталните“ мисии во демократските општества и затоа треба да пружаат прецизни, целосни и целосни информации.

- Не треба да паднете во гревот на комуницирање, погрешно информирање или изнесување само на едната страна, колумни кои се сензационалистички или исполнети со клевети, потрага за стари вести кои би биле продадени и емитувани денес, посочи папата.

Папата Франциско своето годишно обраќање планира да го посвети на лажните вести.