Папата Франциск помина мирна ноќ во болница
Папата Франциск помина „мирна ноќ“ во болница, објави Ватикан, на 27-от ден од хоспитализацијата на поглаварот на Римокатоличката црква, кој боледува од двострана пневмонија.
Вчера беше објавено дека 88-годишниот папа повеќе не е во животна опасност и е во стабилна состојба, со мало подобрување. Сепак, лекарите во болницата Гемели во Рим не се обврзуваат на датумот за отпуштање на папата, кој беше хоспитализиран на 14 февруари со бронхитис кој прерасна во двострана пневмонија.
Франциск веќе бил ослабен поради голем број здравствени проблеми – прекумерна тежина и болки во колената. Тој беше опериран на желудникот и дебелото црево и пати од повторливи респираторни проблеми.
На папата му го отстраниле горниот дел од десното белодробно крило кога имал 21 година. Неговите здравствени проблеми доведоа до обновени разговори за неговата способност да ги извршува своите должности и шпекулации за можна оставка.
Ново на Сител
-
За викеднот променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Без вода дел од општина Ѓорче Петров
-
Приведено лице од велешко, предизвикало пожар на отворен простор
-
Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
-
Уапсено 27-годишно лице поради производство и дистрибуција на детска порнографија
-
Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди преминот Дрејк, Чиле издаде предупредување за цунами
-
Премиерот Mицкоски на увид во градежните активности за санација на хидросистемот Ѓавато
-
Зеленски: Мора да извршиме притисок врз Русија - Путин не разбира ништо друго освен сила и притисок