Папата Франциск ги откажа сите аудиенции за денеска поради „лесен грип“
Папата Франциск ги откажа сите аудиенции за денеска поради „лесен грип“, се вели во соопштението на Ватикан.
Светиот Отец во сабота одржува редовни аудиенции со официјални претставници на Ватикан, како и приватни состаноци.
Здравствената состојба на Папата, кој оваа функција ја извршува од 2013 година, веќе извесно време е нестабилна. Во последните месеци, поглаварот на Римокатоличката црква, која обединува повеќе од 1,4 милијарди католици ширум светот, имаше неколку напади на воспаление на дишните патишта.
Минатата година 87-годишниот папа Франциск двапати беше хоспитализиран на клиника во Рим, вклучително и за операција на абдоменот. Тој често користеше инвалидска количка за време на јавни настапи поради болки во коленото.
Папата беше принуден да го откаже планираното патување на климатскиот самит КОП28 во Дубаи минатиот декември поради последици од грип и воспаление на белите дробови.
Следната сабота во Ватикан е планирана приватна аудиенција на папата Франциск со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Ново на Сител
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри
-
Избран нов градоначалник на Истанбул по апсењето на противникот на Ердоган
-
Скопјанец се заканувал на сосетка, скршил ветробрански стакла на две возила и прозорци на куќа
-
Мицкоски: Јован Костадинов, херојот кој покажа што значи човечност
-
Ефективниот притвор за двајца поранешни градоначалници на Кочани заменет со куќен притвор
-
Уапсен 34-годишник од Албанија на „Блаце“, бил баран со потерница за трговија со дрога
-
Тешко повреден 25-годишник од Скопје, изгубил контрола и со моторот излетал од коловозот