Папаја, овца и коза во Танзанија позитивни на корона вирусот
Во лабораторија во Танзанија, тестирање на папаја, овца и коза, покажало присуство на коронавирусот. Следи проверка и истрага поради сомнежи во квалитетот на тестовите.
Директорот на Националната здравствена лабораторија на Танзанија и нејзиниот раководител за квалитет, се суспендирани поради натамошна истрага. Сѐ тоа затоа што претседателот на државата, Џон Магуфули се посомневал во веродостојноста на корона-тестовите, па претходно наредил – наместо од луѓе, тајно да се земат и достават примероци од животни и растенија.
Претседателот Магуфули својата „тајна операција“ ја откри потоа, во директен ТВ-пренос.
Министерството за здравство состави комитет од 10 лица кои „ќе го истражуваат однесувањето“ во лабораторијата. Проверката и резултатите би биле готови до 13 мај.
Според последните податоци, до минатата седмица, во земјата се потврдени 480 случаи на коронавирусот, меѓу кои 167-мина се оздравени, а 16 починати.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата