Папа Франциск: Оние кои градат ѕидови, ќе бидат нивни затвореници
Политичките лидери кои сакаат да градат ѕидови и други бариери за да ги одвратат мигрантите, „ќе завршат како затвореници на ѕидовите што ги изградиле“, порача папата Франциск.
Папата ова го изјави пред новинарите во авионот со кој се враќаше од посетата на Мароко, одговарајќи на прашање за миграцијата и заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја затвори јужната граница со Мексико.
– Оние кои градат ѕидови, без разлика дали се од цигли или бодликава жица, ќе завршат како затвореници на ѕидовите што ги изградиле, рече папата Франциск.
Тој додаде дека сфаќа оти во врска со проблемот на миграцијата владите имаат „жежок компир“ во рацете, но смета дека тоа мора да се реши на поинаков начин, хумано, а не со бодликата жица.
– Со страв нема да напредуваме, со ѕидови, ќе останеме затворени меѓу нив, истакна тој.
Ново на Сител
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%
-
Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!
-
Момче загина од удар на гром