Пановски: Трагикомично е што кај нас „некои глави“ тврдат дека вакциналниот имунитет е подобар
Вакцините на почетокот имаа ефикасност од над 90 проценти, но со секоја појава на нова варијанта на коронавирусот, ефикасноста на вакцините опаѓа, вели д-р Никола Пановски за Фактор.
– Се појавија сосема различно соеви на коронавирусот и токму тие се главната причина поради што поединци повторно се заразуваат иако веќе еднаш ја прележале болеста. И вакцините на почетокот имаа ефикасност од над 90 проценти, а сега, со секоја појава на нова варијанта, нивната ефикасност опаѓа. За сојот омикрон, на пример, вакцините едвај штитат 30 проценти. Сепак, важен момент е тоа што огромен број од луѓето кои прележале корона и сега повторно се заразени, не завршуваат во болница и не го оптоваруваат здравствениот систем. Тоа е така затоа што многу посилен имунитет стекнуваат луѓето кои веќе еднаш го прележале вирусот, отколку оние кои само се вакцинирани, а никогаш не се заразиле – објаснува д-р Пановски.
Тој додава дека само вакциналниот имунитет не е доволен.
– За жал, кај нас „некои глави“ тврдат дека вакциналниот имунитет е подобар, што според мене е трагикомично. Според науката, супер имунитет имаат луѓето кои прво биле заразени, а потоа се вакцинирале. На толку многу мутации, особено со омикрон, само прележаноста едноставно „не важи“, особено за луѓето кои се заразиле во 2020 година или лани пролетта. Изминат е долг период, а со текот на времето имунитетот опаѓа. Овој сој ги заразува сите, но многу е важно што оние кои претходно биле болни, а потоа и се вакцинирале, ќе поминат многу полесно – посочува д-р Пановски.
Ново на Сител
-
Д-р Мерџановски: Брза и ефикасна беше реакцијата за згрижување на пациентите од Кочани
-
Тошковски: Најважно од сѐ е да се покаже одговорност преку дејствување
-
Јаневска: Обезбедена психолошка поддршка за учениците
-
Чибишев: На Токсикологија се седум пациенти и сите се стабилни
-
Обдукцијата и идентификацијата завршени, кај сите настрадани во пожарот констатирана насилна смрт од задушување
-
Едно лице потешко повредено кога возило на АРМ се превртело кај Соколарци на патот Штип-Кочани
-
УНРВА: Во Газа има брашно за само уште шест дена
-
„Ниту бил причина за пожарот, ниту бил на должност, сакаат да ја префрлат вината“ - се огласи сопругата на Бектеши