Пановски: Сега е веќе доцна за нови мерки, бројот на заболени ќе продолжи да расте
Доктор Никола Пановски за Локално вели дека состојба со Ковид-19 во Македонија ќе зависи од вакцинирањето против вирусот. Тој предупредува дека бројот на заболените ќе продолжи да расте.
– Требаше да бидат воведени нови здравствени мерки уште пред месец и половниа. Сега е доцна. Бројот на заболени расте и ќе продолжи да расте. Но, нема да биде страшно, бидејќи голем број од населението веќе го прележаа коронавирусот, а дел пак, се вакцинирани. Поради тоа не очекувам многу голем број на граѓани со тешки клинички слики, вели Пановски.
Според него доколу властите навреме преземаа мерки оваа слика што сега ја имаме можеше да се одложи за подоцна.
-Не требаше да биде дозволено организирање на свадби. Ги пуштија луѓето и на одмори во Грција, кога кај нас имаше само 4. болни од короноавирусот, а таму 4.000. Грците бараа ковид тест, а нашите не.
Со други зборови кај нас се е подготвено вирусот да се шири се повеќе и повеќе. Сега и да се донесат здравствени мерки, веќе е доцна. Сепак нема да биде полошо, отколку што беше, вели Пановски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец