Паника во Босна: Се роди јагне со пет нозе и друго со две глави
Семејството Чаврак кое со години се занимава со овчарство, вакво нешто никогаш не виделе. Во почетокот биле изненадени, но потоа го прифатија јагнето со 5 нозе и му помогнале. Овцата која го родила ова чудно јагне, обично годишно раѓала по две јагниња, а годинава првпат само едно.
Мујо Чаврак, сакал да разговора со ветеринарот за овој феномен, но тој немал време.
-Имаме многу работа на имотот и не можеме да постигнеме се, а јагнето добро напредуваше и без пречки трча со другите овци. На почетокот ни беше чудно но одлучивме да го задржиме па оваа петтата нога му ја врзувамве покрај тело за да може да трча, но повеќе не го правиме тоа, вели Мујо.
Во Ветеринарната станица Горажде истакнуваат дека овие случаи не се реткост. Пребојноста на ограни, во овој случај нозе, може да биде рудиментарна појава, која повеќе физички му смета, отколку што ја нарушува здравствената состојба на животното, вели д-р Енвер Боровина, од ветеринар од Горажде.
-Причините се разновидни, може да бидат различни генетски мутации, внесување на одредени отрови. Животното при внесување на гран може да прими и отрови кои предизвикуваат вакви последици, вели тој.
Инаку неодамна на познатата фарма на Марко Ладан во Јајце, овца роди јагне со две глави.
Во народот обично ваквите појави се толкуваат како предвесник на нешто многу лошо, најчесто војна.
Ново на Сител
-
Утре повеќе села и населби ќе останат без струја во Скопје
-
Бајден го потпиша законот за 61 милијарда долари воена помош за Украина
-
Бајден го потпиша законот за ТикТок
-
ДИК: Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник