Пандов: Целото владеење на СДСМ се заснова само на Груевски, тие дојдоа на власт со црна кампања против него
Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов вечерва во гостување во Teма на денот на Сител Телевизија посочи дека утрешниот протест е семакедонски протест во кој земаат учество сите граѓани на Република Македонија.
„СДСМ навистина стана несериозна партија. Никола Груевски веќе две – три години е во Унгарија јас како што знам. Ова е семакедонски протест. Утре ќе биде еден од најмасовните протести што се случиле во Македонија. Тоа не може еден човек да го организира, ниту пак може Никола Груевски од Будимпешта тоа да го организира“, нагласи Пандов.
Пандов додаде дека целото владеење на СДСМ се заснова само на Никола Груевски, тие дојдоа на власт со црна кампања против него и до ден денеска само тоа го говорат, наместо да направат нешто добро за граѓаните, да го подобрат животот како што ветуваа пред избори.
„Секој еден чесен Македонец, секој еден што посакува добро на Македонија чувствува неправда што луѓето се внатре. За да започне било каква правда во Македонија според мене прво нешто што треба да се направи е овие луѓе да се ослободат“, појасни Пандов.
Пандов посочи дека целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на утрешниот семакедонски протест.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот