-->
-->
Пандев: Екс-селектори и играчи „против“ репрезентацијата
-->
„Поранешните селектори и играчи и штетат на фудбалската репрезентација на Македонија“, вели Горан Пандев во емисијата „Куќа на фудбалот“. Играчот на Џенова, кој по две години се врати во националниот тим, пред неколку месеци ја отвори „Пандорината кутија“, кога рече дека поранешен селектор му рекол дека „ сега не е вистинско време да се вратиш во репрезентацијата“.
„Во последните пет-шест години околу репрезентацијата имаше многу луѓе кои негативно влијаеја на нашата репрезентација и до денешен ден тоа го прават. Бивши фудбалери и бивши тренери и селектори направија да нема две илјади луѓе на натпревар на репрезентацијата. Знаеме дека кај нас атмосферата на стадион е катастрофа и мислам дека најголемата вина е кај поранешните селектори и играчи.
Јонуз беше кај мене во Џенова да го леди натпреварот Наполи-Џенова, потоа зборувавме отворено за репрезентацијата и негов став беше дека сега не е време јас да се вратам во репрезентацијата, туку дека јас треба да бидам следниот претседател на Федерацијата, нешто што никогаш не било моја желба. Јас не сакам да бидат претседател на ФФМ, јавно кажувам дека сега сакам само да им помогнам на децата во репрезентација.
Пак ќе кажам негативната атмосфера околу репрезентацијата ја создадоа бивши играчи и селектори, можеме и да ги споменеме Џиџи, Јонуз и други поранешни играчи. Да се надоврзам најдобрите натпревари ги одиграв кога Јонуз беше селектор и атмосферата тогаш беше прекрасна. Јас Јонуз го ценат како тренер, имавме добра репрезентација, започнавме да играме добро, но потоа тој започна да се занимава со менаџерски работи, и не само тој и другите селектори, а тоа е генерално наш македонски проблем“, изјави Пандев во емисијата „Куќа на фудбалот“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството бара доживотен затвор за убиствата на Вања и Панче
-
Васил Јованов кој ја прегази Фросина повторно пред суд, овој пат за трговија со дрога
-
Партиските полицајци под лупа на внатрешната контрола
-
Мицкоски: Османи закова шајки во македонскиот идентитет, но не се откажуваме
-
Македонија и Унгарија со засилена воена соработка
-
Дали ДПА е на чекор до влез во Владата? Премиерот не потврдува
-
Владата додели национални признанија на 19 спортисти за врвни достигнувања во спортот
-
ДУИ реагира зошто меѓу спортистите кои добија национални признанија нема Албанци