Панчево: Руско семејство пронајдено мртво, маж си ги убил сопругата и детето, па себеси
Во населбата Котеж во Панчево ноќеска околу полноќ, 50-годишен маж ги убил сопругата и деветгодишното дете, а потоа се самоубил, јави дописникот на МИА од Белград.
Од Основното јавно обвинителство во Панчево го потврдија настанот. Постои сомневање дека таткото (51) со остар предмет, највероватно нож, ги убил сопругата (50) и детето (9), по што се самоубил. Станува збор за руски државјани.
Семејството се преселило во Панчево во август минатата година и имале соодветни дозволи за престој и визи.
– Нивни пријатели, исто така руски државјани, пријавиле во полиција дека не им се јавуваат, по што полицијата и пожарникарите насилно влегле во станот, наведе извор запознаен со истрагата, објави Нова.рс.
Досега немало јавувања од тоа семејство и од соседите поради расправија и врева.
– Од станодавецот дознавме дека по професија биле доктори и дека сопругата неодамна се пожалила дека нејзиниот сопруг е во депресија, но дека никогаш не правеле проблеми и дека биле нормално семејство, објави РТС.
Наредена е и анализа на телесното ткиво за присуство на наркотични дроги, алкохол и лекови на база на седативи, а се прибираат и други докази потребни за утврдување на сите околности на настанот, соопштија од Обвинителството.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите