Балкан
7. April 2022 - 11:38

Панчево: Ја врзал партнерката за кревет па и истурил солна киселина во очите

Основното јавно обвинителство Панчево во соработка со СВ Панчево го лиши од слобода З.К.(53) од Врање и му одреди мерка притвор во траење од 48 часа.

Тој е приведен поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела лесна телесна повреда, изложување на опасност и противправно лишување од слобода, соопшти Основното јавно обвинителство.

Според Основното јавно обвинителство, тој неколку часа ја држел врзана за кревет својата емотивна партнерка Н.С.(49) од Панчево, а потоа и истурил солна киселина во очите, поради што била олднесена во болница во Панчево, каде што и биле констатирани повреди. 

З.К ќе биде приведен кај дежурниот заменик на ОЈО Панчево и сослушан како осомничен.