-->
-->
Панатинаикос го доби дербито против Фенербахче
-->
Екипата на Панатинаикос го победи Фенербахче во дербито од 8.коло на ТОП 16 фазата во кошаркарската Евролига.
На натпреварот одигран синоќа во Атина, грчкиот тим со победата од 76-71 му го нанесе првиот пораз на Фенербахче во ТОП 16 фазата. Воедно, за Панатинаикос ова беше четврта победа во низа.
Овој натпревар беше еден од шестте кои беа одиграни вчера. На останатите беа постигнати овие резултати: ЦСКА Москва – Химки 108-98, Дарушафака – Уникаха 78-55, Локомотив Кубан- Цедевита 87-63, Бросе Баскет - Реал Мадрид 86-90 и
Лаборал – Жалгирис 71-65.
Последните два натпревари од ова коло, Црвена Звезда – Анадолу Ефес и Барселона – Олимпијакос, ќе се играат вечерва.
Е група – табела: Фенербахче 7-1 (победи-порази), Локомотив Кубан 5-2, Панатинаикос 5-3, Црвена Звезда 4-3, Анадолу Ефес 3-4, Дарушафака 2-6, Уникаха 2-6 и Цедевита 2-6.
Ф група – табела: ЦСКА Москва 6-2, Лаборал 6-2, Реал Мадрид 5-3, Химки 4-4, Барселона 3-4, Олимпијакос 3-4, Бросе Баскет 3-5 и Жалгирис 1-7.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа