Панама почна со префрлање на кубанските мигранти на нејзина територија
Властите на Панама почнуваат од денеска со префрлање на кубанските мигранти кои се наоѓаат на територијата на Панама, за Мексико, до градот Сиудад Хуарез, на самата граница со САД.
Кубанците неколку месеци се „заробени„ на панамска територија, откако поради блокадите на Костарика и Никарагва, не можеа да го продолжат патувањето кон САД, каде сакаат да се населат.
Бран од кубански мигранти ги зафати земјите од Централна Америка, кои настојуваат да влезат на американската територија по копнен пат, стравувајќи дека по обновата на дипломатските врски меѓу САД и Куба, може да дојде до промена на досегашната „привилегувана„ имигрантска полтика на Вашингтон кон Кубанците.
Од пред повеќе од една декада, американските власти им даваат на кубанските бегалци дозвола за престој во САД, по забрзана постапка, доколку влезат на американска територија, по копнен пат.
Панама организираше вакви спцијални летови за префрлање на Кубанците до Мексико , во текот на март, но одлучи да ги прекине и соопшто оти нема намера да ја обнови оваа мерка.
Со сегашниот „воздушен мост„ кон Сиудад Хуарез, треба да бидат префрлени 3800 кубански мигранти.
Властите соопштија дека Кубанците ќе мора самите да ги платат трошоците за нивното префрлање во Мексико.
Медиумите во Панама Сити јавуваат дека пред панамските банки и агенции за трансфер на пари, последниве денови има големи редици од луѓе кои чекаат за повлекување на пари, што кубанскте мигранти ги добиваат од своите блиски во САД, за да може да си купат авионски карти.
Костарика и Никарагва минатата година, ги затворија своите граници, не сакајќи да ги примат Кубанците на своите територии, па тие останаа „заробени„ во Панама која е јужно од овие две земји и во Сан Салвадор.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот