Кошарка
11. April 2017 - 15:20

Палермо го отпушти четвртиот тренер оваа сезона

 
 Италијанскиот фудбалски прволигаш Палермо продолжува по старо и по доаѓањето на новиот претседател Пол Бакалини, бидејќи денеска го смени тренерот Диего Лопез.
 
Лопез заедно со спортскиот директор Никола Салерно е отпуштен по петтиот последователен пораз во Серија А – од Милан (4:0) минатиот викенд.
 
На негово место е поставен Диего Бортолучи кој досега работеше во младинската школа.
 
Пред доаѓањето на новиот сопственик, додека клубот го водеше котроверзниот Маурицио Ѕампарини, отказ оваа сезона добија Еугенио Корини, Давиде Балардини и Роберто Де Зерби.
 
Екипата на Палермо се наоѓа на претпоследното 19.место на табелата во италијанската Серија А со 15 бодови и е со минимални шанси да избори опстанок.
 
За Палермо настапуваат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски