Палчо отстранет од судница, Кешишев се плаши да зборува пред него
Пред денешното рочиште адвокатот на обвинетиот Влатко Кешишев, Игор Ефремов побара за време на сведочењето на неговиот клиент од судницата да биде отстранет Љупчо Палевски. Ефремов истакна дека неговиот клиент се плаши да говори пред Палевски и можно е да не ја говори вистината. Во прилог на тоа нагласи дека Палчо на неговиот клиент му давал некави ливчиња да ги потпише во негово име.
На ова се спротистави самиот Палевски.
Ова се лаги, посебно тоа дека сум давал писма и изјави кои треба да се препишат во негово име. Може да биде свртен и со грб но битно ми е да слушам што ќе изјави, рече Палевски.
Судијата Ивица Стефановски прифати Палчо да биде отстранет од ова рочиште, затоа што, како што рече, постои можност сведокот во негово име да не ја говори вистината.
Ново на Сител
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот