Пакистанскиот Врховен суд го суспендира премиерот Шариф
Врховниот суд на Пакистан денеска реши да го суспендира од должноста пакистанскиот премиер Наваз Шариф, со оценка дека тој е неподобен за извршување на оваа функција.
Ваквата одлука на Судот доаѓа по претходно отворената истрага против актуелниот пакистански премиер за корупција, откако државното обвинителство почна да го проберува имотот и богатството на неговите деца.
Истрагата беше покрената по објавувањето на „Панамските документи“ во 2015 година, од кои се досна дека децата на Шариф имале зделки со оф-шор компанија.
Преку оваа компанија купиле имот и станови во Лондон, со што сега е доведена во прашање политичката судбина на пакистанскиот премиер.
Од почетокот на истрагата, Шариф ги отфрла сите обвинувања и тврди дека тој нема ништо со имотот на неговите деца, како и дека не знаел за врските што тие ги имале со оф шор компанијата преку која правеле зделки.
Опозицијата меѓутоа не ги прифаќа ваквите објаснувања и бара од Шариф да поднесе оставка на функцијата.
Пакистанските медиуми јавуваат дека одлуката на петмината судии на Врховниот суд била донесена со тајно гласање.
Еден од судиите, по соопштувањето на пресудата, изјавил дека Наваз Шариф „не може повеќе да биде почестен со чланството во Парламентот“.
Ситуацијата во главниот град Исламабад е тензична, а голем број полициски и безбедносни сили се распоредеи околу зградата на Судот во очекување на можната реакција и протестите на приврзаниците на суспендираниот пакистански премиер.
Ново на Сител
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала