Македонија
5. March 2024 - 12:37

Пакистанец со туѓ пасош сакал да се качи во авион - Уапсен 28 годишник

Вчера во 20.30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(28) од Пакистан затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека приложил туѓа патна исправа на лице од Шри Ланка.

Тој бил предаден на полициски службеници во Одделение за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.