-->
-->
Пакистан: 22 загинати во судар на автобус и автомобил
-->
Најмалку 22 патници загинаа, а 12 се повредени денеска кога автобус се судри со автомобил и падна во провалија во северозападен Пакистан, соопшти полицијата. Ова е втора ваква тешка сообраќајна несреќа во земјава за помалку од една недела.
Автобусот патувал од Равалпинди до округот Гизер на север, а несреќата се случила во близина на селото Шатијал, 500 километри северно од Пешавар, главниот град на провинцијата Хајбер Пахтунхва, изјави претставник на локалната полиција.
Тој рече дека спасувачите ги пренеле загинатите и повредените во болница и дека дел од повредените се во критична состојба.
Минатиот петок 17 лица загинаа во верижен судар на патнички автобус и камион во тунел во областа Кохат во северозападен Пакистан. Уште една тешка несреќа се случи на 29 јануари во јужен Пакистан кога автобус удри во столб и падна од мост, при што загинаа 40 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче веќе лобирал кај Европските сестрински партии да го поддржат извештајот за Македонија
-
Трошановски: Извештајот во ЕП е добра можност евроинтеграциите да се заштитат од бугарските барања
-
Граѓански иницијативи бараат итни законски измени за незавнисните кандидати на локалните избори
-
Кичевчани се жалат на неподнослива смрдеа од запалениот смет
-
Сообраќајни експерти предупредуваат - Експресниот пат Штип-Кочани не е безбеден
-
Преглед на вестите од светот
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио