Пакети со облека за бездомниците во пунктот на Црвениот крст во Момин Поток
Седумдесет новогодишни пакети со облека денеска ќе им бидат поделени на бездомниците во пунктот на Црвениот крст во Момин Поток.
Како што информираат од Црвениот крст, работењето на пунктот за бездомници е поддржано од Град Скопје и веќе 11 години нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом, а има цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството.
Секоја среда и петок бездомните лица добиваат хигиенски услуги (бањање, шишање, бричење), чиста облека, можност да се испере старата облека, храна, прегледи од лекар и бесплатни лекови според потребите, психосоцијална поддршка, услуги од социјален работник (вадење документи и поддршка за обезбедување услуги од системот на социјална заштита).
Преку пунктот корисниците секоја зима добиваат топла облека, обувки, ќебиња, вреќи за спиење, а според потребите се отвора и привременото преноќувалиште, посочуваат од Црвениот крст.
Ново на Сител
-
Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон, изјави неговиот портпарол
-
Македонски камион со муниција за Израел стигна во Грција: Работници ја блокираа пратката
-
Главната цел на Русија на самитот на БРИКС: Крај на доминацијата на доларот
-
Украински функционер повика на евакуација на градот Покровск
-
Нетанјаху нареди дополнителни испораки на хуманитарна помош за Газа
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со услови за слаб локален дожд
-
Поевтинуваат нафтените деривати од полноќ