-->
-->
Пајак службата во Куманово оштети паркирано возило
-->
Пајак возило на ЈП „Куманово-паркинг“ денеска на пладне при подигање на непрописно паркирано возило на ул. „Илилнденска“ оштети возило, бандера и откорна дрво.
Едно возило е оштетено,турната е бандера и дрво во бизарна несреќа што се случи денеска пред 12 часот на улицата „Илинденска“ во Куманово,откако пајак возило крена непрописно паркирано возило на улицата која се наоѓа во централното градско подрачје.Случајот го потврија од СВР Куманово,од каде што информираа дека увидот се уште трае.
Директорот на ЈП „Куманово-Паркинг“ во чија надлежност е пајак возилото,Фадиљ Шабани,информира дека несреќата настанала кога пајак возилото кренало непрописно паркирано возило на улицата “Илинденска“,но закачило во каблите што, како што потенцира, биле понсико поставени во однос на законските прописи,по што била турната бандера и било откорнато дрво. При тоа оштетен е автомобил кој бил паркиран.
Случајот го потврди СВР Куманово, а директорот Шабани посочи дека откако ќе заврши увидот согласно извештајот ќе преземат одговорност и согласно овластувањата на претпријатијата ќе биде надоместена штетата.
Тој нагласи дека и дисциплинска комисија на претпријатието ќе утврдува зошто пајак возилото влегло во спротивен правец од дозволениот на улицата „Илинденска“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“